Баерн Минхен не е така доминантен во Бундес лигата оваа сезона, па тренерот Карло Анчелоти би сакал да добие нови засилувања во зимскиот преоден рок. Една од неговите желби е фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, кој нема задоволителна минутажа во „кралскиот клуб“. Италијанскиот стратег се надева дека ќе може да го убеди одличниот играч за врска да се пресели на „Алијанц арена“, иако тој има актуелен договор до 2018 година.
Баерн Минхен има значителна конкуренција во средниот ред, но поголем дел од офанзивните играчи за врска преферираат да играат на крилните позиции. Иско Аларкон би бил освежување на позицијата централен играч за врска, но прашање е дали Анчелоти ќе успее да го убеди шпанскиот репрезентативец да се пресели во Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
„Баварците“ повторно купуваат од Хофенхајм: Сандро Вагнер е нов напаѓач на Баерн Минхен