Поради предвремените парламентарни избори во Република Македонија и приливот на поднесени барања за издавање уверенија од казнена и од кривична евиденција, тие ќе се издаваат во рок од пет до седум дена, зависно од обемот на работа, информираат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
– Сите граѓани што имаат потреба од уверение од казнена или кривична евиденција, без разлика за која намена им е потребно, навреме да го поднесат барањето во Кривичниот суд во Скопје. Конкретните уверенија, во согласност со законските одредби, се поднесуваат и се издаваат од страна на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење – се вели во соопштението од Судот.
Во него се додава дека за сите информации околу начинот на поднесување барање, плаќање на законски утврдената такса и потребните обрасци, за уверенија од казнена и кривична евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, граѓаните можат да се информираат преку веб-страницата на судот: http://osskopje1.mk/ , а корисни информации можат да најдат на линкот http://osskopje1.mk/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дадена e и наредба за распишување потерница: Судот одреди притвор и за останатите четири лица за настаните од 27 април
-
Одбраната на обвинетите во „Титианик“ бара изземање на судијата Дарко Тодоровски
-
Насилникот на СДСМ од Основен суд заработи обвинение
-
Заев треба да достави доказ дека навистина се сретнал со италијанскиот амбасадор