Едукативниот систем во Финска се смета за еден од најдобрите во светот. На светските топ-листи се наоѓа меѓу најдобрите 10.
Но, измени сè уште се случуваат, па така локалните власти решиле децата веќе да не учат посебни предмети.
Место учењето да се сведува на физички раздвоени предмети како јазик, математика, историја, географија, децата во Финска учат теми.
Пример Втората светска војна се изучува како наслов што спаѓа во историја, географија и во математика.
Ваквиот систем се применува за децата повозрасни од 16 години, односно во средните училишта.
Како што е планирано, секоја ученик има право да си одбере тема или феномен што ќе го проучува подетално. Само така ќе се избегнат прашањата од типот „зошто ми е ова?“ и „зар некогаш во иднина ќе ми затреба ова?“
Исто така, учениците не се присилени да седат во клупи, чувствувајќи здодевност и анксиозност. Место тоа, работат во мали групи, водени од професорите.
Финскиот едукативен систем ја поттикнува тимската работа.
Примената на овој систем се очекува да биде спроведен во сите училишта до 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)