| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР предупредува на опасност од поплави

Внежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостоите на водотеците во државата. Новите врнежи што се очекуваат во текот на следните 24 часа ќе ги зголемат водните количини во реките и во суводолиците, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогностичките модели особена внимателност треба да се посвети во сливот на реката Црн Дрим, Радика, горните текови на реките Вардар, Треска, Црна Река и нивните притоки и суводолици. Во сливните подрачја на Радика и на Црн Дрим, на делови од помалите водотеци, при појава на поројни врнежи можни се локални излевања.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на лизгари и одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top