| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанка побарала помош од соседот, тој полово ја нападнал

polov-napad

Триесет и тригодишната Б.Е. од Битола вчера утрината била полово нападната од соседот Б.Н. откако од него побарала помош за водоводната инсталација.

Од полицијата информираат дека жената отишла до куќата на соседот, а откако влегла кај него дома, тој почнал да ја прегрнува, бакнува и допира по интимните делови.

Б.Е. се спротивставила и го оттурнала, по што соседот насилно продолжил да ја допира кинејќи ѝ ја долната облека.

По пријавата полицијата извршила увид на местото, а за сторителот е најавено поднесување кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top