Едно лице загина, а неколкумина беа повредени при експлозија на гас во станбена зграда во хрватскиот град Вараждинске Топлице, јави ХИНА.
Зградата е целосно разурната. Очевидци велат дека еден од станарите се заканувал дека ќе ги крене сите во воздух, и го пуштил гасот.
Полицијата не ја потврди, но и не ја отфрли таа информација. Портпарол на полициските власти изјави дека „причината за трагедијата ќе се разјасни по увидот”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.