Русија нема да успее да го дестабилизира Балканот, оцени поранешниот генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. Коментирајќи на воената вежба „Словенско братство 2016“ во која во Србија учествуваат воените сили на Русија и на Белорусија, поранешниот прв човек на НАТО вели дека „ не гледа стратегиска важност на тие вежби“, но и дека ти се „ обид на Русија да прати јасен сигнал на НАТО, дека имаат стратегиски интерес во регионот, особено по одлуката на НАТО да ја прими Црна Гора“.
-Од целата перспектива, имајќи го предвид бројот на учесниците на оваа вежба, таа е многу ограничена, а освен тоа, колку што јас знам, Србија протера неколкумина Руси пред почетокот на вежбата. На крајот на денот, Србија многу добро знае дека нејзината иднина лежи во евроатлантските институции, првенствено во ЕУ но исто така мислам, долгорочно гледано, и на членство во НАТО- оцени Расмусен.
На прашање дали Русија ќе се обиде да го дестабиолизира Балканот особено сега откако Црна Гора се придружи на НАТО, поранешниот генерален секретар на алијансата вели- „секако дека ќе се обиде“ но и дека не мисли дека ќе успее, „особено затоа што одговорните сили во Србија многу добро знаат дека земјата пред се’ мора да обезбеди членство во НАТО, што во долгорочна перспектива и ќе се случи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил