Непознат крадец украл вкупно 15.000 евра од куќа во Тетово, соопшти МВР. Во понеделникот во периодот од 13.30 до 18.30 часот крадецот насилно ја отворил влезната врата и од кујната во куќата украл пари и златен накит во вредност од 15.000 евра.
Домаќините биле на гости и кога се вратиле виделе дека се ограбени, па ја пријавиле кражбата во полиција. Се трага по крадецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



