На 1 јануари стартува вонсудската наплата за комунални долгови, која ке им овозможи на должниците да ги избегнат ненајавените блокирања на сметки и плаќање на огромни камати преку извршител. Иако Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Стопанската комора бараа одложување на примената на одредбите од новиот закон за извршување за дополнителни шест месеци, сепак тој ќе стапи на сила со стартот на новата година. Претседателот на ОРМ во изјава за Вечер вели дека тие нема да запрат со своите барања, но свесни се дека успех може да се очекува по изборите и формирањето на нов парламент односно откако ќе почне примената.
– Компаниите не се задоволни од решението во законот според кое извршителите за предмети со вредност над 10.000 евра треба да ги застапуваат адвокати наместо како досега правници од правната служба поради што и бараат одложување за уште шест месеци, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.
Ваквата промена на која реагираат компаниите поради фактот што имаат голем број на вработени правници кои по ова ќе останат без работа, на граѓаните им се од корист. Од 1 јануараи извршителите повторно ќе се јавуваат, но нема да блокираат сметки туку ќе бараат подмирување на долгот во рок од 15 дена. Извршителите велат дека присилна наплата ќе има само доколку не се плати долгот во предвидениот рок даден од нивна страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст