| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарска анализа: Европскиот џихадизам е роден во БиХ

Билал Босниќ, осуден на седум години затвор, влијаел на исламистите во Швајцарија, пишува швајцарскиот Ноје Цирхен Цајтунг. Во анализата пишува за широко распространетата мрежа на исламисти кои влечат корен од балканот. Еден од исламистичките центри во Швајцарија, со кој е поврзан и Босниќ е џамијата Ал Нур во Винтертурер, каде швајцарската полиција изврши антитерористичка рација и го уапси проповедникот, шеикот Абдурахман.

„Тој е уапсен и е во истражен затвор, а обвинет е за повикување на убиство на омразените. Сепак Абдурахман не е единствен, тој е дел од системот. Уште пред овој Етиопјанин, во истата џамија проповедал Имам кој бил многу спонтан. Сепак тие се само дел од мрежата која е одговорна за радикализација на младите муслимани“- наведува весникот.

541fb043b456df8c7f17751358e8f92b9d868a8da00127b1b41a3e127b1ae337

„Познато е дека постојат врски меѓу екстремистите од Винтертур и експонентите од Германија и Австрија. Друга трага води на Балканот. Билал Босниќ проповедникот кој што заговара омраза од БиХ имал директно влијание на лицата на исламистичката сцена во Винтертур. Ова произлегува од пресудата во случајот“- пишува Ноје Цирхен Цајтунг.

mosque_1

Се наведува дека самонаречениот емир, воедно и лице кое потенцијално влече конци на сцената во Винтертурер сега се наоѓа во истражен затвор. „Тој не ја негира врската со екстремизмот. Колку често тие двајца биле во контакт и каков бил тој контакт, неговиот адвокат не открива“ пишува весникот кој додава дека 44 годишниот Босниќ се радикализирал за време на војната во БиХ, кога се борел на страната на џихадистите кои на Балканот стигнале од Авганистан. „Тие за прв пат го донеле радикалниот ислам во Европа. По војната овој татко на седум деца станува водечки човек во БиХ кој повикува на џихад“- стои во текстот.

znaviosebilal

„Во своите проповеди тој отворено повикува на света војна во Сирија и на пристапување во Исламската држава. Неговите пораки не се раширени само на Балканот. И тој и други милитантни проповедници последните години настапувале во швајцарските џамии. Истражувањата покажуваат дека салафиската мрежа од Балканот има силно влијание на оние кои го симпатизираат џихадор во Швајцарија“- пишува швајцарскиот весник.

Ноје Цирхен Цајтунг пишува дека набљудувачите сметаат дека Винтертур со својата голема дијаспора од Балканот е место кое е центар во таа смисла.

Истиот весник под текст со наслов „Патиштата на европскиот џихад“ пишува дека на „авганистанските муџахедини војната на Балканот меѓу босанските муслимани и Србите на почетокот на 90-тите години им се видел како Божја интервенција“.

„Исламистите во босанската војна не препознаа само локална војна против Србите. Во нивните очи стануваше збор за тоа севкупниот муслимански свет да се одбрани од христијанството и целиот Запад. Исламистот Маџид Наваз во својата автобиографија пишува дека европскиот џихадизам е роден во Босна“- анализира швајцарскиот весник Ноје Цирхен Цајтунг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top