Високата функционерка, која често се појавува во медиумите, сексуално му се нафрлувала на возачот, а кога ја одбил, му средила отказ, раскажал за Ало неименуван извор.
Според неговите зборови, возачот прво измислувал изговори надевајќи се дека жената ќе ја сфати пораката, но таа не се откажала.
Кога видел дека работите излегуваат од контрола, несреќниот шофер се обратил во кадровската служба и барал преместување од приватни причини. Меѓутоа, кога тоа стигнало до неговата шефица, таа побеснела, го стопирала преместувањето и му дала отказ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.