Од 10 до 22 часот на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче ќе се слушаат песните на македонската музичка икона Тоше.
Како што информираат од општина Аеродром, системот за озвучување што ќе биде поставен по должина на улицата, е подарок од Здружението на Власи стопанственици „Мандра“.
Јачината на звукот што ќе се емитува ќе биде прилагодена во рамките на граничните вредности на ниво на бучавата, утврдени согласно важечките законски прописи.
– За поставување на системот за озвучување и емитување на музиката на Тоше, Здружението доби согласност од станарите на станбените згради кои гравитираат по должина на детската улица „Тоше Проески“, соопштија од општина Аеродром.
Поставувањето на опремата, натамошното одржување, како и сите потребни активности, ќе бидат финансирани и изведени од здружението „Мандра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.