| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо задоволен: Карик беше стабилност, Фелаини баланс, а Погба слобода

murinjo

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед конечно славеа победа на гостувањето кај Свонси со 1-3, со што ја прекинаа серијата од четири меча без триумф. Жозе Мурињо, кој вчерашниот натпревар го следеше од трибините поради суспензијата од еден натпревар, по средбата изјави дека е задоволен од победата.

– Многу сум задоволен. Мислам дека за сите нас во Јунајтед ова беше еден мирен ден за нас од првата минута. Сите влеговме во натпреварот, имавме целосна контрола и го освоивме целиот плен. Мислам дека бевме навистина добри и среќен сум поради моите играчи. Карик беше стабилност, Фелаини баланс, а Погба слобода – изјави Мурињо.

На натпреварот со Свонси повторно блесна Златан Ибрахимовиќ, кој постигна два јубилејни гола. Првиот беше 25.000 во Премиер лигата, а вториот беше негов 400-ти во кариерата.

mancester-junajted

– Не знаев дека тоа е негов јубилеен погодок. Знам само дека е тој извонреден играч за нашиот тим. Среќен сум што повторно почна да постигнува погодоци – заврши Мурињо.

Сега на Португалецот му преостанува во паузата поради настапите на репрезентациите да ги консолидира редовите и да се подготви за следното коло, кога на „Олд Трафорд“ гостува тимот на Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top