И опозицискиот колумнист Ивор Мицковски се придружи кон се поголемиот број на незадоволни опозиционери со новите кандидатски листи на СДСМ. Преку статус на „Фејсбук“ тој жестоко распали по раководството на опозицијата. Неговиот став е дека тие не направија коалиција, ги промашија сите стратегии, не ја обединија партијата, туку напротив, на 30 дена пред избори дополнително ја поделија.
-Немаат еден рационален аргумент зошто би победиле, а камоли што би промениле, но и покрај тоа, си дозволуваат да ги омаловажуваат, навредуваат, замолчуваат тие што не се согласуваат со нив, напиша Мицковски.
-Листи, раководство, се тоа е минливо и менливо. Еве го денот, ќе се измери, ќе се извага. Тоа што навистина треба да се извага, што веќе го однело паметот на многумина, е ароганцијата и дрскоста на една мала група, која го прегрна заевизмот и го продава како политичка нужност. Во една недела таквите заевисти, демек независни интелектуалци или што знам, изрелативизираа се што остана неизрелативизирано од ВМРО.
Ги одбранија алфите, избегнаа да се изјаснат за некоалицирање со режимот, ги бранеа сомнителните разузнавачи, го бранеа партизирањето на граѓанскиот сектор и студентскиот отпор како демократско шаренило, ја рехабилитираа Лилто со споредби со Тито, не излегоа со ниту еден јасен политички став по кое било прашање, ни кажаа дека политиката е прашање на прагматичност, без да покажат тронка од нејзе.
Не направија коалиција, ги промашија сите стратегии, не ја обединија партијата, напротив на 30 дена пред избори дополнително ја поделија. Немаат еден рационален аргумент зошто би победиле, а камоли што би промениле, но и покрај тоа, си дозволуваат да ги омаловажуваат, навредуваат, замолчуваат тие што не се согласуваат со нив. А бројот на таквите се повеќе расте.
Релативизации и флоскули, дрскост и ароганција, неспособност и лаги, тоа е суштината на ова мртво тело на опозицијата кое преку шминка се обидува да симулира живот, енергија, промени. Ете, со производите од се тоа ќе треба наскоро да се соочиме, да се соочите, и ќе се изненадите мислам, и емпириски, и морално, и прагматично политички, колку со вашата ограниченост сте се претвориле, не во решение, туку во дел од проблемот, пишува Мицковски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивор Мицковски: Како го преполовивте загадувањето на зборови, просто неверојатно!
-
Ивор Мицковски: Убаво се поклопи Денот против насилство врз жената, со партиското насилство врз жена која сакала да воведе ред во една институција
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Ивор Мицковски до Зекири: Не продавај пуфки! Пола Влада и коалиција ви се криминалци