| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден велосипедист во Кочани

Вчера во 13.40 часот во Кочани, на магистралниот пат во атар на населба Оризари се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.С. (52) од Штип и велосипед управуван од Б.Т. (65) од н. Оризари-Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.Т., кој по укажаната медицинска помош во Јавна здравствена установа Кочани, поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top