| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално, Кристијано Роналдо стана најплатениот фудбалер во светот

Kristijano-Ronaldo

Официјалната веб страницата Реал Мадрид синоќа ја потврди информацијата дека Кристијано Роналдо ќе потпише нов петгодишен договор со екипата. Португалецот се обврза на нови пет години во дресот на „кралевите“ за рекордна сума на заработка.

real-madrid

Во текот на тие пет години, најдобриот фудбалер на екипата ќе заработува 50 милиони евра годишно, со што ќе стане најпплатен фудбалер во историјата. Неговата неделна плата ќе биде скоро 500.000 евра по одданочување, што е повисока од онаа на Герет Бејл (405.000 евра неделно), кој потпиша на нови шест години. 31-годишниот Роналдо ќе има откупна клаузула од една милијарда евра и со овој договор практично ќе ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

Во седум сезони во екипата од Мадрид, португалскиот фудбалер стана најдобриот стрелец во историјата, надминувајќи легенди како Раул Гонзалез и Алфредо ди Стефано. Тој е рекордер и по бројот на голови во Лигата на Шампионите (95) пред својот голем ривал, Лионел Меси (89).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top