Градските власти најавуваат дека наоѓањето паркинг-место во центарот в година ќе биде многу брзо и едноставно.
За тоа каде има слободни паркинг-места возачите ќе можат да најдат информации на дисплеите што ќе бидат поставени во центарот на градот, во близина на паркинзите и во катните гаражи, пишува „Вечер“.
Знаците ќе имаат задача да ги информираат возачите на кој паркинг-простор колку слободни паркинг места има во реално време. Тоа ќе важи за тие паркиралишта на кои влезот и излезот се контролираат со дигитална рампа и за катните гаражи. Дисплеите ќе бидат поставени и на крстосниците пред паркинзите, така што возачите навреме ќе дознаваат каде можат да се паркираат.
–Овој систем ќе се инсталира во централното градско подрачје и тоа во катните гаражи на „Градски паркинг“ и на Акционерско друштво за изградба и за стопанисување со станбен и со деловен простор, во затворените паркиралишта на „Градски паркинг“ и на АД за стопанисување со станбен и со деловен простор и во другите паркиралишта со кои стопанисуваат други субјекти, најавија градските власти на „Европската недела на мобилноста“.
Целата постапка за реализација на овој проект ја спроведува Град Скопје, а подоцна ќе му биде предаден на ЈП „Градски паркинг“. За реализација на овој проект од буџетот на Град Скопје се предвидени 12 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст