| четврток, 6 декември 2018 |

Филмски фестивал „Слобода и љубов“ посветен на 60 години од Унгарската револуција

Со документарниот филм „Играј ја својата игра“, во Кинотеката на Македонија вечер ќе биде отворен Филмскиот фестивал „Слобода и љубов“ посветен на 60-годишнината од Унгарската револуција (1956).

На фестивалот ќе бидат прикажани неколку историски филмови,  меѓу кои и „Синот на Саул“, кој лани освои Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје.

На првиот фестивалски ден тема ќе биде самата револуција, но и бегалците кои биле стационирани во Македонија, во Крушево, и ќе биде прикажан филмот „Крушевските Унгарци“. Вториот ден, како што е најавено, гостин на Кинотеката ќе биде најпопуларниот унгарски актер Шанадор Чањи.

За време на фестивалот „Слобода и љубов“ ќе биде поставена и изложба за настаните во 1956 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top