
На стартот од натпреварувањето во Нови Сад, двете екипи од Македонија успеаја да дојдат до висок триумф на стартот од Европскиот клупски куп во шах. Гамбит Асеко го совлада Кардиган од Велс, додека Алкалоди беше подобар од германскиот клуб од Берлин.
Тимот на Гамбит е само еден од трите коишто дојдоа до максимален број на бодови во победата, додека Алкалоид е на 15. место во групата на тимови кои денеска освоија пет поени на своите мечеви.
Сепак, ова е само старт така што дефинитивно допрва ќе се види вистинското. Алкалоид е меѓу фаворитите бидејќи има втор ранкинг според рејтинг поените така што тука ќе биде возбудливо.
РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО
ГАМБИТ АСЕКО – КАРДИГАН 6:0
Петар Арнаудов (2474) – Хауард Вилијамс (2329) 1:0
Мартин Перчивалди (2373) – Јоло Џонс (2187) 1:0
Орце Данчевски (2357) – Гери Хеп (2060) 1:0
Зоран Стојчевски (2316) – Руди ван Кеменаде (1980) 1:0
Дејан Динев (2290) – Тони Хаиг (1804) 1:0
Никола Николовски (2274) – Џули ван Кеменаде (1703) 1:0
АЛКАЛОИД – ШАХФРОЈНДЕ БЕРЛИН 5:1
Лирен Динг (2764) – Арнд Лаубер (2434) 1:0
Дмитри Андрејкин (2736) – Марко Балдауф (2431) 1:0
Дмитри Јаковенко (2714) – Рајнер Полцин (2413) 0,5:0,5
Јанјуи Ју (2721) – Јан-Дитрих Вендт (2332) 1:0
Јури Криворучко (2701) – Јан Лундин (2264) 0,5:0,5
Филип Панчевски (2503) – Феликс Ноцел (2209) 1:0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


