Во изјава за српскикот портал „Мондо“ капитенот на кошаркарската репрезентација изјави дека Олимпијакос многу го потсетува на Македонија.
– Се сложувам со констатацијата дека Олимпијакос наликува на македонскиот национален тим. Во Македонија немаме многу пари, федерацијата не ни набавува „фенси“ опрема, но играме од љубов кон државата, грбот и знамето. Се забавуваме, се дружиме и гинеме еден за друг, – изјавил Антиќ.
Антиќ за прв пат јавно и недовсмислено кажува дека сепак не се откажал од националниот дрес и дека на европското првенство во Словенија во септември заедно со другарите од репрезентацијата оди со намера да се обидат да го повторат успехот од Литванија.
„Јас се надевам дека сите ќе бидеме здрави и живи, без повреди. Ќе видиме дали можеме да го повториме успехот од минатото првенство“.
По освојувањето на двојната европска круна Антиќ со грчкиот шампион ќе се обиде по втор пат да го освои и грчкото првенство по што следуваат подготовките со македонската репрезентација.
Според неофицијални најави во тимот на Македонија за Словенија и покрај најавите дека се откажуваат од националниот дрес би можеле да се најдат сите јунаци од Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.