Актерката Злата Нумангиќ се прослави на екс-Ју просторите со својата улога во популарната телевизиска серија „Среќни луѓе“. Но сега таа направила храбар чекор, се оддалечила од актерската кариера и отворила ресторант во Албанија.
Таа во својот ресторант во гратчето Саранда вели дека служи српска и медитеранска храна, а идејата за вакво нешто ја добила кога со своја пријателка била таму на летен одмор.
– Уживавме во морето и бевме воодушевени од гостопримството на работиниците. По враќањето во Белград мојата пријателка Оливера ми предложи токму таму да ги оствариме нашите соништа и да отвориме кафеана, изјавила Злата.
Објектот го отвориле во мај, а освен двете пријателки, во него работи персонал од гратчето.
– Ги научивме како да ги спремаат балканските специјалитети и сега за сега ни оди сосема добро, рекла таа.
Нејзините вработени не знаеле дека таа е позната актерка во својата држава, па како што открила таа, на неколку пати прегледувале снимки во Јутуб за да се уверат. Сепак, како што вели Злата, нема сосема да се тргне од актерската професија, па до Нова година ќе им се посвети на театарските улоги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!