| четврток, 6 декември 2018 |

Издржавме 2 години, ќе го издржиме и ова – Заев ќе нуди се и сешто, но народот не е наивен

%d1%83%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%bc%d1%80%d0%be-%d0%b4%d0%bf%d0%bc%d0%bd%d0%b5-3

– Издржавме 2 години ќе го издржиме и ова! И ова ќе биде една од причините зошто ќе изгубат, затоа што народот го гледа тој и не е воопшто наивен! И паралелно на тоа нормално ќе го гледаме Заев како оди по улица и нуди се и сешто. Прашува луѓе во стилот, на тебе што ти треба, па наместени сдсмовци со подготвен текст ќе речат јас сакам точак…нема проблем во нашата програма ќе влезе точак за тебе…па се врти и ѝ вика на Радмила, Радо пиши еден точак таму, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“

– Затоа што нели човекот се обврза дека ќе ви даде ЖИВОТ на сите, таков му е слоганот….Заев ќе ви даде живот, замислете, затоа што како што добро знаеме и самиот тој нагласи на телевизија, тој е од Господ црпнат од нивата и донесен на ова место. Не за џабе. Замислете како го смислувале слоганот, колку напор требало Заев ќе ви даде живот. Има логика нели, го црпнува Господ од нива и го става да ви даде живот. Но, шала на страна, одамна ѓаволот ја однел шегата овде. Само запрашајте се за кого треба да гласам и што тој човек може да направи и понуди за сопствениот народ и држава. Реално што може да направи. Прво да се казни и да се понижи дијаспората. Причина – зашто гласале за ВМРО.

– Инаку, да сумирам, тактиката им е следна. Десен блок, шарена револуција трето, десницата да се занимава со самата себе, ВМРО да се занимава со ВМРО, а реално тоа се неколку луѓе кои треба да одработат за Заев, да отцепат некој глас од ВМРО, далеку од доволно тие да имаат пратеник, но со надеж дека ќе е доволно ВМРО да загуби пратеник, и центар и лево да опфатат колку што можат…И нормално Катица да е здрава и жива да си штанца пријави по секаков основ и да држи прес-конференции за тоа во целиот изборен период со измислени обвинувања без вина и без правен основ и докази, истакна Груевски.

– Може ќе добијам и обвинение што денеска на настанов сме се собрале повеќе луѓе од СДСМ на нивниот. Чисто онака колку да не е без работа. Колку да си ја заработи платата жената, највисоката во државата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра…. па внук ѝ мора да земе плата месецов, исто и уште стотина сдсмовци вработени таму, и роднини, комшии и пријатели кои нели го ,,зајакнувааткапацитетот,, на СЈО. Како не ни текна шпорано да направевме повеќе сјоа да ја намалиме невработеноста.

– Освен супер активно СЈО, со штанцање на пријави и обвинувања, кои веќе се прочитани од народот,  притисокот кој во континуитет ќе го вршат врз судот и од тука и од надвор, ветувањето за се и сештокон народот од страна на Заев и неговиот криминален клан, уфрлувањето на разни преваранти, криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите, и осмислените и советувани другидва блока кобајаги трети патишта, чија единствена употребна вредност ќе е да направат барем мала штета на ВМРО, што секако нема да им успее бидејќи веќе се прочитани, сите се прочитана книга не се нови во политиката, стратегија дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочиме и со ситуации како оној случајот со криминално полицискатахајка против Диме Спасов, во која, за среќа, ги видовме снимките и се ни е веќе јасно. Откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме аково овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО. Ако имаше се уште некој што мислеше дека борбатада имаат министер за внатрешни работи пред избори е со цел да осигураат фер и демократски избори, сега веќе, после Чауш, после опколувањето на МВР со партиски алфа полицајци, всушностдокажани криминалци, и после хајката врз Диме, мислам и на последниот човек во земјата се му е јасно. Снимките така јасно одговорија на се, што немам што да додадам, освен да замислам само што ќесе случеше ако беше обратно, ако  МВР беше од ВМРО, а дополнителниот заменик за труд од СДСМ, а се другото да останеше исто, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top