– Сакав да кажам нешто денеска, не можејќи да одминам, затоа што тоа им е тактиката на овие што смислуваат опозицијата што да прави. Идејата им е да викаат тотално безначајни фигури кај нивните експонирани новинари, нормално како што дознавме тоа со денови наназад го договараат во детали по домови на разни лица и слично. И да си наметнуваат теми кои тие мислат дека ќе ни наштетат, акои пак ако се размисли подобро, немаат никаква врска со изборите и со реалните проблеми на луѓето, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која во моментов се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
– Така, слушаме од страна на извесен Слободан Богоевски поранешен разузнавач, и осуден човек за криминал, со излежана казна затвор во Идризово, разни квалификации за првиот министер завнатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков, лични навреди за него и неговото семејство и слично. Човекот ми е вујко и тоа е единствената негова маана во моментов и причина зошто беше споменат. Човекот е починат пред 25 години, пред точно 25 години. Значи, замислете, тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати, не може да им одговори. Досега Стојан Андов беше експерт за раскажување негативни работи за луѓе откако ќе починат, и себе величење во комуникацијата со нив или најчесто во божемната комуникација со нов. Сега еве и други се појавуваат. Инаку Андов, ако некој умре, тој одма книга пишува и во емисија ја промовира, во која ни раскажува како го надмудрил или советувал веќе умрениот. Колку веќе умрениот бил лош и недоволно паметен, аколку самиот Андов мудар и одговорен. Сега пред изборите се вклучуваат и други некролошки матачи на вода пред избори, вели Груевски.
– Што и да каже човек околу ова навистина мислам дека ќе погреши, и затоа сакам само да потенцирам дека вакви работи ќе има затоа што тоа им е целта. Да се докажуваме кој е поголем вмровец, кој бил од 90-та, а кој од 91-ва. Дали кога ја слушал песната „Слушам кај шумат шумите“ бил навистина радосен или глумел и слично.
– А каде се реалните проблеми на граѓаните? Плати, пензии, социјала, вработувања, секојдневните предизвици, тоа што опозицијата сака да ја редефинира државата? Нив треба да гизаборавиме затоа што опозицијата е свесна дека на тие теми тие не може да добијат ништо. Затоа што, тоа е за живите, кои можат да видат, коментираат, наградат или казнат. И затоа ќе се занимаваме со покојниот Јордан Мијалков и со низа други теми за кои си седат по дома и си ги договараат и ние треба сега во несвест да паднеме, па да чекаме да се јават загрижени сдсмовци за состојбите во ВМРО и слично, заврши тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии