| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Двојно поголем бројот на пациенти на Државна кардиохирургија од лани

Бројот на хоспитализирани и третирани пациенти на Државната клиника за кардиохирургија досега е веќе двојно поголем од вкупниот број паценти минатата година, изјави при денешната посета министерот за здравство Никола Тодоров.

– Тоа докажува дека Државната кардиохирургија се повеќе добива на одличен глас кај пациентите и се повеќе веруваат и одбираат да бидат третирани на Државната кардиохирургија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Тодоров.

Посочи дека проектот одлично функционира и Клиниката се развива подобро од очекуваното, како и дека постојано има нови достигнувања и освен кардиохируршки интервенции се прават васкуларни процедури.

– Честитки на докторите за одличната работа и посветеноста, за многуте спасени човечки животи и за ентузијазмот што го покажуваат, но и посветеноста за натамошен развој на Клиниката, рече Тодоров.

Нагласи дека на Клиниката се помага на различни категории пациенти, додека најмладиот опериран пациент е на 20 години, кој е третиран и веќе отпуштен од Клиниката во добра состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top