Откако Мајкл Бубл и неговата сопруга Лусијана Лопилато објавија дека на нивниот тригодишен син му е дијагостициран рак, канадскиот пејач и аргентинската актерка добија многу писма на поддршка.
Пријателите на познатиот пар открија дека Мајкл и Лусијана се мноту тажни, но и полни со надеж и позитвни мисли бидејќи малиот Ноа е борец, а родителите веруваат дека ќе ја победи страшната болест.
-Тажни се, но и полни со надеж. Му обезбедија најдобра можна нега и се надеваат на најдоброто. Рекоа дека веруваат дека Ноа ќе го победи ракот, бидејќи е голем борец- рекол пријател на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.