| четврток, 6 декември 2018 |

Последица од катастрофалните потреси: Голем воден млаз го погоди италијанскиот брег

Голем воден млаз (торнадо на отворено море) го погоди градот Поситано кој се наоѓа на италијанскиот брег Амалфи.

Штети и повредени според првичните информации нема, јавија италијанските медиуми.

Потресот со магнитуда од 6,5 степени, кој во неделата ја погоди Италија го помести тлото во некои подрачја до 70 сантиметри.

Сателитските снимки прикажуваат дека потресот го променил пределот со површина од преку 130 квадратни километри.

Потресите кои ја погодија централна Италија во последниве два месеци би можеле да продолжат како „домино ефект“, предупредуваат италијанските сеизмолози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top