| четврток, 6 декември 2018 |

16-годишно момче избодено во градски автобус

Малолетно лице на возраст од 16 години, вчера, сред бел ден беше избодено со нож во автобус на ЈСП број 65В, соопшти денеска МВР.

К.Б заедно со двајца другари се возел во автобус, а несреќата се случила на пладне, околу 12, 30 часот, кога автобусот се наоѓал во месноста викана „45-ка“. Средношколците се карале со група други средношколци, а вербалната расправија преминала во тепачка. При инцидентот, К.Б бил нападнат со нож од врсник.

Откако момчето со другарите не реагирало на провокациите, напаѓачите почнале да ги шутираат. Во тој момент нападнатото момче ја кренало ногата за да се одбрани и во тој момент му нанеле четири убоди со нож во пределот на мускулот под коленото.

Момчето итно е пренесено на понатамошно лекување и му е извршена хируршка операција. Сега е на интензивна нега. Случајот го разгледува МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top