| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден доказ за криминогеноста на Заев и раководството на партијата

Структури на МВР под раководство на министерот од СДСМ, Оливер Спасовски, местат актуелни заменици министри и сето тоа во функција на политичка кампања и за политички цели, а потврда за тоа е криминално-полициската местенка на Диме Спасов.

Спасовски вчера се криеше од камерите и не објасни зошто ја лажеше јавноста дека криминалци не го бркале Спасов и зошто по цела една недела нема покренато никаква истражна постапка за Алфите кои вперија пиштол во  главата на функционер кој бегаше од осудени криминалци.

Наместо тоа,  го пушти на прес-конференција поранешниот новинар во телевизија „24Вести“, Тони Ангеловски, кој по партиска заслуга беше вработен  и унапреден од Спасовски во државен советник на министерот за односи со јавност кој како куроизитет бил фатен како под дејство на огромно количество алкохол управувал возило сериозно загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

toni-2640

toni-1640

 

Но, она што е главна дилема што случајот со Спасов кој беше искористен за брутална негативна кампања од страна на медиумите под контрола на СДСМ покажува исклучително битен брак и заедништво меѓу криминалот и раководството на СДСМ.

Ова не е единствен случај на местенки. Случајот со Крпач кој се самоуби, според голем број на медиуми и позначави на состојбите беше резултат на притисоците на полицијата и СЈО и заплашувањата кои тој ги добиваше. Тука е и неодамнешниот случај кога домот на поранешниот шеф на тајните служби Мијалков  беше следен од луѓе кои се испостави дека се пратени од СЈО. Уште свеж е случајот на Чаушот кој фалсификуваше пасоши кои подоцна СДСМ сакаше да ги прикаже како наводен изборен криминал. А  најсвеж е случајот со Спасов, но веројатно не и единствен. Има информации дека вакви местенки се спремаат и за други функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

nikola-srbov

 

Се отвара прашањето дали СДСМ преку свои структури во МВР и во подземјето располага со некаква партиска полиција која треба да ги гони и да ги мести сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ и сите неистомисленици на Социјалдемократите?- вели Никола Србов во изјава за КУРИР.

– Во изминатиот период бевме сведоци на разни креирани случаи од страна на кадри внатре во МВР кои беа под директна контрола на Оливер Спасовски. Во медиумите се појавија индиции дека бил следен Сашо Мијалков и дека вработени во МВР се обидувале да го набљудуваат неговиот дом. Имавме случај во кој Коста Крпач си го одзеде својот живот, а во јавноста излегоа информации дека бил под силен притисок на СЈО и Aлфите кои ги контролира Оливер Спасовски. Се наметнува прашањето кој сѐ друг е во опасност од ваквите криминални конструкции од страна на Заев и СДСМ. Кога на ова ќе се додаде и Чаушот со неговата „фабрика“ за лажни патни исправи со цел да се искреира лажна слика за цел изборен процес, тогаш сфаќаме дека Заев располага со добро организирани подземни структури кои се во функција на СДСМ. Сведоци сме дека во предизборната кампања на СДСМ се вклучени десетина поранешни шевови на службите за државна безбедност, вклучени се разознавачи кои претпоставувам имаат искуство со монтирани полициски случаи. Кампањата на СДСМ ја водат полициски структури и дел од тие луѓе ги гледаме рамо до рамо со Зоран Заев на протестите на СДСМ. Доколку вакви случаи се креираат пред почетокот на кампањата за престојните избори, не би ме изненадило СДСМ да ја злоупотреби полицијата и на самиот ден на изборите со цел да се фрли дамка врз целиот процес при нивниот се поизвесен пораз на изборите, вели Србов.

ilija-dimovski_

 

Димовски:Структурите на Спасовски во соработка со лица со криминално досие

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од Велес упати порака дека граѓаните се свесни за дејствувањето на Спасовски.

-Видовме еден инцидент во кои што очигледно паралелно соработуваат дел од структурата поставена од Оливер Спасовски од единицата Алфи со лица кои имаат сомнително и криминално досие и заедно учествуваат во некаква си замислена потера, употребуваат огнено оружје, се закануваат и напаѓаат. Тоа го видовме на видео снимките и сакам да потенцирам дека такви појавни форми не се случуваат само во Скопје, ги гледаме и во други градови ги гледаме и во Велес, дел од раководниот кадар кој што Оливер Спасовски го поставува во министерството за внатрешни работи и очигледно е дека соработуваат со такви структури во насока на политичка активност и поддршка на СДСМ.  Јас би апелирал дека тоа е неразумно и дека тоа ќе им се удри од глава затоа што не само ние го гледаме тоа, туку и граѓаните на цела Македонија ги знаат тие работи и прво ќе им се одрази на политичката поддршка која што ја имаат и второ секој кој што би направил некој инцидент или прекршување на изборниот законик без разлика дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе мора и ќе треба да си ги сноси лично одговорностите. Во таков случај ниту Оливер Спасовски ниту началник на полиција или било кој ќе може да заштити некое лице кое што залетало во моментот и мисли дека ако некој началник го чукнал по рамото може да прави инциденти и апелираме Оливер Спасовски да престане со таквите структури во полицијата на републичко и на локално ниво. Апелираме до сите припадници на министерството за внатрешни работи  да останат професионални и одговорни онакви какви што беа сите овие години и да си ја вршат работата врз база на закон и врз база на правила, а не врз база на симпатии или со некакви поврзаности со одредени политички структури низ Македонија, рече тој.

darko-janevski-640x341

 

Дарко Јаневски: МЕСТЕНКА

Ако нешто може да се заклучи од случајот со Диме Спасов, тоа е дека во наредниот период треба да се чувате од вакви местенки, порачува Дарко Јаневски во најновата колумна за ДНЕВНИК.

-Не знаете кога некој може да ви исценира инцидент – во продавница, на семафор, на натпревар… Знаете, она во стариот стил – што ме гледаш, бе! Сељачишта, криминалци, бандити, денес лесно се наоѓаат. И потоа медиумската комуњарска банда поддржана од слободарските странски амбасади, сето тоа пропагандно да го филува. До степен што со уши да си го покриваш очите и лицето од срам, бадијала е. Се разбира, целата шема не би случила да немаме две министерства за внатрешни работи. Kако што имаме две обвинителства, како што имаме трка за создавање двојни судови, оние регуларните и оние што ќе ги исполнуваат желбите на странците преку СЈО и како што, впрочем, имаме две, а можеби и три влади. Kојзнае, наскоро можеби ќе имаме и референдум: На кое МВР сакате да му пристапите, со право да склучите сојуз и со другото МВР? Со дообјаснување – референдумот треба да ви помогне за да знаете кому да се јавите ако, на пример, ви го ограбат станот? На 192 или на 192 цртичка 1. Во секој случај, ова двојство кај полицијата сега веќе станува опасно за живот. И тоа треба да си го решат премиерот на Македонија од САД, неговиот заменик од ЕУ и четирите политички партии. Ете им го и Јоханес Хан, нека си го викнат и него, па нека прават што ќе прават, ама две министерства и два припадника на „алфите“, од кои едното министерство и едните „алфи“ трчаат по заменик-министерот заедно со криминалците од Арачиново или од каде се веќе, таа работа не ја бива. Точно е тоа дека на некој обичен граѓанин нема зошто да му се прават местенки, но од друга страна, кога еднаш ќе се тргне по тој пат, тогаш, порано или подоцна, секогаш ќе има некој што некому му смета, макар тоа било за банална граѓанска работа, и ќе може да го искористи системот на местење. Само да е вгнезден во некаква си власт. И тоа секако ги заплашува луѓето. Тие плаќаат данок за држава која очигледно не е способна да им ја пружи законската заштита и за која не треба некои којзнае колку силни очила за да се види дека колабирала. С` е во ред тоа дека нашите политичари имаат потреба да прават с` што треба за да не бидат искарани од странскиот премиер и неговиот странски заменик на оваа држава, но разумната граница веќе одамна е премината. Е, сега, прашањето е што ако во целата таа трка по Спасов некој погинеше? На пример, не дај боже, некое дете на улица? Што ќе правевме тогаш? Што полза ќе имаше тогаш дури и самиот СДСМ од местенка на, пази сега, заменик-министер за труд и социјална политика во држава како Македонија? Или ве заболе за тоа, пишува Јаневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top