Фатаи Бусари (50) од Нигерија е обвинет дека својата девојка Садиа Адеџувон (48) ја убил со секс.
Тој пред односот зел апчиња за зајакнување на потенцијата, а по жестокиот секс жената искрварила и умрела на самото место.
На Бусари му се заканува смртна казна ако судот го прогласи за виновен.
Обвинителот на судењето изјави дека Бусари „незаконски предизвикал смрт“ на партнерката во неговиот дом, на 3 октомври околу 15 часот.
-Бусари и покојната работеле како чистиачи на улица и биле во врска. Кобниот ден, Бусари испил билна мешавина за јакнење на потенцијата пред да легне со неа, рече обвинителот, додавајќи дека Бусари откри дека нешто не е во ред кога видел дека крв и тече низ гениталиите.
Жената искрварила до смрт, иако тој повикал и брза помош и полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.