Тринаесетгодишната Мина Блажев од Скопје воодушеви со нејзиниот настап на „Something’s gotta hold me on” на Кристина Агилера. Со својата неверојатна изведба ги воодушеви сите членови на жирито и директно се пласира во третиот круг на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“.
Јелена Томашевиќ не ја криеше возбудата.
- Совршена си, совршена! – и рече таа.
Дека уживаше не криеше ни Сергеј Четковиќ, кој и порача „Секоја чест“ на нашата кандидатка.
- Генијална си, генијална! Ова е толку зрело – порача Гоца Тржан.
Mina Blažev – Something’s got a hold on me by PinkoveZvezde
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.