Хакерите на американската војска влегоа во руската електронска и телекомуникациска мрежа, како и во контролните системи на Кремљ, објави „Ен-Би-Си“. Според американските медиуми, неименуван висок претставник од разузнавањето, вели дека хакерите го направиле тоа со цел да ги направат руските системи ранливи и да ја овозможатакцијата на тајните сајбер оружја на САД, ако е потребно.
– Американските официјални лица долго време јавно зборуваа дека Русија, Кина и други земји спровееакција и оставиле скриени малициозни софтвери во клучните американкси инфраструктурни интернет системи, како подготвка на бојното поле за сајбер напади, со кои би можеле да ја запалат или исклучат интернет конекцијата во поголемите градови, вели „Ен-Би-Си“.
Телевизијата додава дека сосема е сигурно дека и Вашингтон го правел истото.
– Документи во кои „Ен-Би-Си“ имал пристап тоа го потврдуваат, барем во случајот на Русија. Американските официјални лица продолжуваат да изразуваат загриженост дека Русија ги користи своите сајбер способности за да влијаат на процесот на претстојните претседателски избори. Американските разузнавачи не очекуваат Русите да влезат во клучните инфраструкти, нешто што за многумина би значело акт на војна, но веруваат дека се можни активности како објавување на лажни документи и нивно споделување на социјалните мрежи за да рашират дезинформации, вели Ен-Би-Си .
Се напоменува и дека во петокот хакер познат како Гучифер 2.0, за кои американските официјални лица веруваат дека е во врвот на руските разузнавачки служби, на „Твитер“ напиша дека тие ќе ги следи изборите во САД „од системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.