Ако сте сонувале некој друг со вас како споделувате страсти, а не станува збор за вашиот сексуален партнер, не е ништо страшно, сметаат израелските научници. Нивната најнова студија открива дека таквите соништа не штетат на врската, но зборуваат многу за вас.
Најчестите сексуални фантазии вклучуваат секс со забранети луѓе, врзување и гледање на секс. Познатата сексуална терапевтка Трејси Кокс, открива што значат различните фантазии за вас.
Фантазија за врзување
Моќта е главен двигател на оваа желба. Или сте надмоќни или сте под некој кој е помоќен од вас. Оние кои сакаат да бидат потчинети, сакаат да бидат присилувани и да уживаат во она што некој друг ги тера на сила. Оние кои сакаат да ја имаат контролата, тие се оние кои всушност длабоко во себе се себични и уживаат во контролата над другите.
Моќен маж
За него обично сонуваат жените кои се повлечени, срамежливи и не бараат многу во реалноста. Сакаат тој да ја преземе грижата за нив, да им работи се што тие сакаат и на крај да ги направи среќни. Жените поретко сонуваат дека тие се оние кои доминираат, најчесто затоа што мислат дека тоа ги одбива мажите.
Забранети луѓе
Луѓето обично влегуваат во брачните води поради љубов, а не поради секс, но секогаш може да постои некој од минатото со кој сте имале одличен секс или некој кој отсекогаш ви бил забранет – момче на најдобрата пријателка, шефицата, другарот на вашиот маж… Колку што е понедостапна личноста, толку станува попривлечна во овие сексуални фантазии. Во соништата тоа може да биде само јасен или поразличен приказ на она што веќе сте го доживеале или несвесна желба за некој што во реалноста нема ни да признаете дека ве привлекува.
Имате секс со друг, додека партнерот ве гледа
Оваа сексуална фантазија исто така е за моќ – зад неа се крие вашата потреба за повеќе секс. Сакате да се покажувате, а на овој начин вашиот партнер може подобро да виде колку добро изгледате.
Романтичен секс
Обично го сонуваат жени кои се повеќе мотивирани од љубовта отколку од страста и најчесто се затворени во сексуалните фантазии.
Заведување девица
Во овој сон обично уживаат луѓе кои сакаат да бидат во центарот на вниманието и се со високи амбиции. Сите ја паметат личноста со која прв пат спиеле, а ако сте искусни во овој сон, тогаш значи дека ќе им покажете сè што знаете. Исто така ќе бидете и во сексуално супериорна позиција, а девицата веројатно нема да ја критикува вашата техника. Тоа му годи на вашето его.
Секс во јавност
Оние кои го сонуваат обично сакаат луѓето да им завидуваат. Во овој сон други ќе ве гледаат, а вие ќе сакате да ги импресионирате со своите сексуални вештини. Со оглед дека со закон не е дозволен сексот во јавност, значи дека сте и малку бунтовни по природа.
Секс со странец
Со него може да направите сè што сакате без страв дека ќе ве осудува. Ако не ве знае и никогаш повеќе нема да се видите, може целосно да се опуштите и да бидете некој друг. Овој секс целосно е физички акт, лишен од сите емоции. Многу често на странците не им се гледа лицето во сонот.
Секс со некој многу помлад или постар
Се работи за хранење на егото и во двата случаи. Ако сте со некој помлад тоа значи дека уште го имате она што може да ги привлечи младите и атрактивни луѓе. Постарите обично ги сметаме за искусни и мудри, па тоа и го бараме.
Фантазии за плескање
Многу е честа, а вклучува желбата да сте казнети поради нешто за што се чувствувате криви.
Стриптиз
Зад овој сон се крие желбата другите да ви завидуваат. Сакате да видите апсолутно воодушевување во нивните очи за да се чувствувате добро.
Во тројка, свингерски или групен секс
Ако жена го сонува овој сон, тогаш обично таа е главната ѕвезда во сонот и тоа е она што се крие зад тоа – сака да биде посакувана и другите да и завидуваат.
Кога маж го сонува овој сон, тогаш се работи за неговата способност да задоволи повеќе жени наеднаш. Многу често овие фантазии значат дека личноста сака да експериментира.
Акција жена со жена
Жените често го сонуваат овој сон, а мажите многу ретко сонуваат дека се со друг маж. Повеќето жени кои го сонуваат овој сон или имаат сексуални фантазии за секс со друга жена , обично не се бисексуални ниту лезбејки. Но, Трејси советува да бидат внимателни со овие фантазии, бидејќи токму лезбиската акција е на врвот на машките желби.
Да гледате други додека имаат секс
Сите сакаат да мислат дека се добри во сексот, а ако гледаат други како го прават тоа, може да заклучат и каде се наоѓаат на скалата на добрите љубовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст