Веста дека се разведуваат Бранислав и Нина Лечиќ, беше изненадување за многумина, но оние кои на Инстаграм ја следат Лечиќ, уште пред неколку месеци им упадна во очи дека и двајцата повеќе не објавуваат заеднички фотографии.
Додека функционираше се како што треба во нивниот брак, Нина и Бранислав редовно постираа заеднички слики, но тоа летово прекина, и на 9 јули на својот Инстаграм профил објави фотографии од летувањето, и тоа е нивната последна слика на која позираа заедно.
Она што особено паѓа во очи е тоа што Бранислав и Нина се насмеани, и дека делуваат како облиени со среќа. Водителката во описот се пофали дека успеала да го наговори мажот да направат селфи, додека тој со смајли и одговори дека е приморан…
Од друга страна, жените навалија на изгледот на Лечиќ и и порачаа на Нина дека има причина да се гордее со мажот…
А ова е тоа прочуено летно селфи на Нина и Леке:
По оваа фотографија, и двајцата престанаа да позираат заедно, што љубителите на трачевi го протумачија како знак дека нивнот брак е во криза. Набрзо се појавија и првите шпекулации за разводот.
А денеска се испостави дека тие гласини биле точни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст