Ако мислевте дека Кејтлин Џенер е најпопуларната трансродова жена на планетата, најверојатно сте згрешиле. Всушност, таа чест со сигурност ѝ припаѓа на Џин Ксинг од Кина, чие телевизиско шоу привлекува 100 милиони гледачи неделно и која живее отворено како трансродово лице од 1996 година.
Најпопуларната телевизиска водителка во Кина, која во земјата често ја нарекуваат Опра, ја започнала својата кариера како неверојатно талентирана танчерка. На 9-годишна возраст таа била регрутирана во танцовата трупа на кинеската војска, која е значаен дел од армиската пропагандна машинерија. Таму таа тренирала балет, опера, танци и акробации, покрај пукањето со оружје и детонирањето на бомби.
По напуштање на војската, таа студирала за танчер во Њујорк, каде за прв пат го пронашла јазикот за да го изрази нејзиниот сопствен идентитет. „Сега имав слобода да се пронајдам себеси. Можеби сум геј? Но не мислев дека е така“, вели таа за Hollywood Reporter. „Одев во геј барови, запознав геј пријател, но си реков: Не, не, јас не сум геј. Мојата сексуалност е сѐ уште како на жена. Тогаш ги открив зборовите – транссексуално, трансродово лице. Реков: Во ред, јас припаѓам на тој мал остров. Тогаш почнав да истражувам“.
По повеќегодишно тренирање во Њујорк, потоа турнеи и предавања во Европа, Ксинг се вратила во Кина во 1993-та. Три години подоцна таа станала првата јавна личност во земјата која го променила полот.
„Посетив доктори на Запад, но имав потреба да се вратам во Кина. Сакав да бидам поблиску до мајка ми бидејќи во првиот живот кој таа ми го подарила, јас сум родена како Kинезинка.
Вториот пат кога сама си подарив нов живот, сакав тоа да биде повторно во Кина. Јас сум од Кина. Можам да живеам во Њујорк, можам да живеам насекаде, но јас сум Кинезинка“.
Компликациите за време на операцијата за малку ќе и ја уништеле на танчерката нејзината кариера, откако поради прекин во протокот на кислород, едната нога ѝ останала парализирана.
„За малку ќе извршев самоубиство. Сакав да станам жена, но не сакав да бидам хендикепирана. Не сакав да ја изгубам ногата. Можеби требаше да жртвувам повеќе за да стигнам до тоа што сакав. Не е лесно да го добиете тоа што го сакате. Да беше така лесно, сите ќе го стореа тоа“.
Посветеноста, напорната работа и интензивната физикална терапија ѝ помогнале да оздрави и да се врати на сцената, но овој пат за прв пат настапувајќи како жена. Потоа, таа се вратила во центарот на вниманието со нејзиното појавување како судија на локалната верзија на шоуто „So You Think You Can Dance“ (Мислиш дека можеш да танцуваш), добивајќи го прекарот „отровен јазик“ поради нејзините остри коментари.
Сега таа е домаќин на неделна емисија „Шоуто на Џин Ксинг“ која има речиси 100 милиони гледачи.
Но, не течело сѐ како подмачкано по транзицијата. Да се биде трансродово лице не е нелегално во Кина, но владата речиси ѝ да не прави ништо за да ги поддржи или заштити трансродовите права.
Таа дури беше отстранета од талент шоуто во 2011 година поради тоа што е трансродово лице, а постоеја шпекулации дека токму владата побарала од режисерот Ксинг да биде тргната од местото на судија.
Сепак, делува охрабрувачки да се види трансродова жена со такво влијание како она на Ксинг – особено откако Кејтлин Џенер се бореше да го оствари истиот импакт на Запад. Нејзиното шоу „I Am Cait“ (Јас сум Кејт) по две години прикажување беше откажано поради пад на рејтингот, но дури и во најдобриот случај успеа да привлече 2,73 милиони гледачи што е само трошка од гледаноста на шоуто на Ксинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)