Паралелно со инвестициите за комплетно реновирање и адаптација на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија и за хибридна сала, со цел унапредување на превентивната здравствена заштита во делот на кардиоваскуларните заболувања, предвидуваме уште една новина, а тоа е формирање национален центар за кардиоваскуларни заболувања, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството.
-Идејата е овој центар да функционира како координативно тело и тело кое ќе предлага креирање политика во овој сегмент на здравствената заштита. Во ова тело ќе членуваат директорите на Универзитетска клиника за кардиологија, Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, раководителите на кардиолошките одделенија од јавните здравствени установи низ републиката и директорите на приватните здравствени установи од дејноста, кои се во мрежата. Ова е практика во развиените европски и земји од светот, да се основаат вакви центри кои практично ја анализираат состојбата во сите кардиолошки центри и заеднички предлагаат мерки за постојано подобрување на состојбата. Со ова тело ќе се подигнат активностите на многу повисоко ниво. Ова тело треба да почне да функционира во декември 2018 година. Инаку, на Клиниката за државна кардиохирургија за 2 години се извршени 446 интервенции, од кои поголем дел се интервенции на отворено срце, така што Клиниката е пример за установа која одлично се развива. А со ваквите мерки ќе се постигне уште позначаен развиток во негата и третманот на кардиолошките заболувања. Сите овие проекти се фокусирани на унапредување на условите за третман на лицата со кардиоваскуларни заболувања, што секако ќе придонесе за спасување човечки животи, поуспешно излекување и поквалитетен третман на пациентите – додаде Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии