| четврток, 6 декември 2018 |

„Малиот жолт фустан“ на Росица Мршиќ е избран за еден од фустаните на 21 век

Дизајнот на Росица Мршиќ е еден од победничките дизајни на првиот светски натпревар организиран од „Мода естетикс“ (Moda Aesthetics).

rosica-mrsic

Дизајнот на македонската дизајнерка е еден од победниците за „Фустан на 21 век” организиран од онлајн плаформата „Мода естетикс“ од Амстердам, Холандија.

Нејзиниот „мал жолт фустан“ ги исполни критериумите на натпреварот за совршен фустан во кој жената се чувствува удобно, блескаво и самоуверено како граѓанин на предизвикувачкиот 21 век.

Фустанот ќе биде произведен од „Мода естетикс“ и ќе се продава на нивната он-лајн продавница.

Мршиќ е етаблирана македонска модна дизајнерка која ја започна својата кариера во 2009 година. Нејзините дизајни се одликуваат со софистициран, безвремен и елегантен изглед обликуван во скулптурна форма карактеристична за брендот „Росица Мршиќ“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top