Пред извесен период, силно одекна веста за критичната состојба во која се наоѓа поранешниот хрватски фудбалер Иван Класниќ. Него му е потребна трансплантација на бубрег, затоа што бубрегот што му го донираше неговиот татко, почна да откажува и неговиот живот е во опасност.
За ваквото нешто, разбрал и Семир Џонко, кој во моментов се наоѓа на издржување казна затвор во Лепоглава, решен е да го донира својот бубрег, со цел да го спаси животот на Класниќ.
– Џонко нема никакви скриени намери. Тој не е осуден на 20 години затвор и се работи за човек кој наскоро ќе биде пуштен на слобода. Пред еден месец ми напиша писмо со неговата намера и јас го испратив до одредена адреса. Секако, прво мора да се дозволи дали Џонко е во нормална здравствена состојба. Прашање е дали Класниќ и неговата сопруга ќе сакаат тоа да го прифатат. Најлошо е тоа што никој не го сфаќа озбилно тоа, иако Џонко нема искрени намери – истакна неговиот адвокат, Милко Крижановиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.