| четврток, 6 декември 2018 |

Во Детскиот креативен центар: Деца од разни материјали ќе создаваат звук

Потребни материјали што би се користеле се текстурирани предмети, фолии, мека жица, лепак, текстилен материјал, боја, четки, шајки, како и други материјали

Во Младинскиот културен центар, Детскиот креативен центар оваа и следната сабота на 5-ти и 12-ти ноември во 12 часот ќе се одржи една несекојдневна работилница, „Аудио-визуелна плоча“ за деца до 12-годишна возраст, проект поддржан од Министерството за култура.

Проектот е замислен да биде работилница за деца, каде што досегашните стекнати искуства по часовите по ликовно ќе се имплементираат на повеќе начини, преку ликовните елементи т.е. (текстура) што ни нуди, и на кој начин можеме поинаку да ја третираме. Инспирација ќе ни биде текстурата, ќе истражуваме какви се текстури има и на каков начин можеме да ги искористиме во визуелно-аудиски пристап.

Ќе користиме пиезо, кој работи на допир, вибрација, ќе ни помогне во креирање на произведување на звук.

Работилницата е замислена на таков начин што ќе се изведуваат, креираат создаваат, грамофонски плочи, кои ќе бидат направени од картон, како основа за лепење на истражената текстура. На дадениот картон треба да се имплементираат разновидни материјали, кои би помогнале да се произведува звук.

Визуелните елементи ќе бидат креирани од самите децата помогнати од модераторите на проектот.

Потребни материјали што би се користеле се текстурирани предмети, фолии, мека жица, лепак, текстилен материјал, боја, четки, шајки, како и други материјали.

Креативно размислување, проширување на знаењата на децата, работа во група, како и работа со музичар и со ликовен педагог се нашите цели.

Сите заинтересирани деца и родители можат да бидат учесници на оваа работилница, таа е од отворен тип, што значи влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top