| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготовува шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје

„СДВ“ е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите со цел да ја поттикне креативната индустрија во Македонија и на Балканот. Во таа насока главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на „Неделата на дизајн во Скопје“ се изложбите, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови

Шестото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.

„СДВ“ е мултикултурна платформа фокусирана на дизајнот и иновациите со цел да ја поттикне креативната индустрија во Македонија и на Балканот. Во таа насока главната програма на Неделата на дизајнот во Скопје го задржува веќе испробаниот рецепт на повеќеслојна платформа која овозможува промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Основниот сегмент на „Неделата на дизајн во Скопје“ се изложбите, презентациите и работилниците и, секако, уникатна музичката програма до доцните часови.

Со мото „Млади брендови во подем“ (Blooming Makers) на шестото издание на „СДВ“ фокусот ќе биде ставен на Главната изложба, на која се претставуваат главно млади дизајнери и дизајнерски студија кои храбро, мудро и креативно се борат за своето место на пазарот. Нивното главно оружје, покрај инвентивните продукти и дизајни, се широкиот круг пријатели, максималната употреба на интернетот и социјалните мрежи во ширењето на информациите за сопствените продукти и директниот пристап до купувачите, со што ја минимизираат потребата од дистрибутери и агенти за продажба. На тој начин микрокомпаниите се натпреваруват со етаблираните брендови и нивните дистрибутери.

unnamed-2

Покрај Главната изложба, просторот во „Јавна соба“ ќе биде исполнет и со производи од актуелната дизајн-сцена во Австрија, која годинава е Земја во фокус, додека со патувачката изложба „Young Balkan Designers“ во Скопје ќе допатуваат 15 креации на младата дизајнерска сцена од Балканот.

Од музичките настапи на сцената во „Јавна соба“ ги најавуваме за првпат во Скопје концертите на српските групи „E-Play“, „EYOT“ и „Dingospo Dali“. Своја вечер ќе имаат и македонската група „Џун“ и диџејот Master Flow од Суботица, Србија.

Српската музичарка и член на белградската група „E-Play“, Маја Цветковиќ, која ја направи селекцијата на групите, потенцира дека станува збор за групи кои негуваат различни музички жанрови и дека нејзината селекција е базирана на современиот пристап, музичката иновативност и добриот звук.

unnamed-3

Оваа година програмата ќе биде дополнета со три работилници за деца. Работилницата „Фабрика за игри“ е возбудлива програма за игра и создавање на нови детски изуми и инсталации. Тематиката на работилница е слободно изразување на креативноста на децата без какви било ограничувања и правила. Оваа работилница ќе има две групи за различна возраст. Првата група е за деца од 4 и 5 години, а втората група за деца од 6, 7 и 8 години. Работилницата „Магијата на абакусот“ има програма која е прилагодена и за деца од предучилишна и училишна возраст, додека работилницата за илустрации е за деца од 7 до 12 години. Со работилниците ќе раководи Јулија Ѓорќевиќ, учителка за детски изуми и инсталации.

unnamed

Неделата на дизајнот во Скопје е синоним на иновативноста, креативноста, вкусната кујна и доброто расположение поттикнато со прогресивен и современ звук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top