| четврток, 6 декември 2018 |

Најмногу дожд во Тетово и во Пожаране

dozd

­Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране. Според мерењата на УХМР во Пожаране се наврнати 24 литри на квадратен метар, во Тетово 18, во Маврово 17, Скопје 16, Крушево 13, Дебар 12, Лазарополе 11, Охрид 8, Ѓуриште 7, Штип 6, Виница 5, Берово и Куманово 4, Тополчани, Прилеп и Струмица 3, Претор 2 и во Битола и Демир Капија 1 литар на метар квадратен.

Утрово преовладува облачно време, слаб дожд има локално. На планините дува слаб умерен ветер од јужен правец. Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 3 до 9, а максималната од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top