| четврток, 6 декември 2018 |

Во случај на нуклеарна војна ова е единствената шанса да преживеете

Турција во вторник предупреди дека конфликтот во Сирија ќе биде причина за Трета светска војна со оглед дека глобалните сили се во конфликт и на спротивни страни од истиот.

Поборниците кои веруваат во судниот ден предвидуваат нуклеарна војна од оној ден кога Енола Гај изфрли атомска бомба на Хирошима во август 1945 година. И додека двата ривали беа зафатерни со Студената војна, седум други земји нуклеарно се вооружаа: Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.

Здржуението на американски научници тврди дека во светот во 2016 има 15.350 нуклеарни боеви глави, а повеќе од 90% од нив се наоѓаат во сопственост на САД и Русија.

Ако човештвото навистина го доведе светот во нова војна, постојат неколку трикови со кои можете да ги зголемите своите шанси за преживување.

Со оглед дека сите нуклеарни сили се наоѓаат во северната хемисфера на Земјата, логично е и најдобриот свет да крене кон југ, во секој случај јужно од екваторот.

Земјите како Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка и Аргентина се идеални поради многу сободна земја за производство на храна, а мали се шансите дека таму ќе се прошири нуклеарниот напад. Според постапокалиптичкиот роман „On the beach“ од Нвеил Шуте, најдобар избор за дестинација е Мелбурн.

Ако војната сепак се прошири понатаму, тргнете кон Антарктик. Ќе биде ладно, но со оглед на адекватна заштитиа и залихи може да преживеете неколку месеци.

На самата локација на нападот луѓето немаат никакви шанси за преживување. Доколку сте неколку километри понатаму ќе бидите силен блесот и пропратниот удар ќе достигне до вас низ неколку секунди.

Држете ги устата отворени за да не ви пукнат ушните тапанчиња и почнете да трчате – имате 10 до 15 минути време да избегнете од радијацијата. Ако знаете каде да пронајдете нуклеарно засолниште одете таму.

Бројни светски милионери веќе имаат изградено сопствени бункери, а еден од примерите е Атлас Мисил Сило кој може да прими 70 луѓе и четири години да ги одржува во живот. Комплексот вклучува самоодржлива градина, огромен воден тенк, генератор и ветротурбини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top