Во Хрватска, земја во која еден од најголемите проблеми е невработеноста, има работодавци кои мака мачат со наоѓање на работници.
Како што пишува Дневник.хр, бродоградилиштата, превозниците и градежниците бараат увоз на работна сила. На тоа предупредуваат Стопанската комора и Здружението на работодавци и бараат од Владата итно да се занимава со ова прашање.
„Има работа, има камиони, но нема кој да ги вози. Да се најде возач е вистинска мака за славонскиот превозник Бранимир Богдан. Уште денеска можеме да вработиме најмалку 50 возачи“, вели тој за Дневник.хр.
Конкретно нудат примања од околу 930 евра за домашен и 2.000 евра за меѓународен транспорт. Истата битка ја водат речиси сите превозници во Хрватска. Тие сметаат дека неизбежен е увоз на работна сила. Но, не се единствени, работници бараат и градежниците, бродоградителите, угостителството и туризмот.
Предлог квота за увоз на работна сила во 2017 година е 1.500 работни дозволи. Потребите на пазарот пак, се три до четири пати повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.