| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА ја казни ФФМ со 5.000 швајцарски франци

pandev

Светската куќа на фудбалот, ФИФА и изрече казни на Фудбалската федерација на Македонија поради нереди на квалификацискиот меч против Италија кој се одигра во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија.

Натпреварот заврши со победа на „азурите“ (2-3), а ФФМ ќе мора да плаќа казни поради недолично однесување на гледачите. Во записникот на ФИФА се влезени „лажни“ свирчиња, користење на ласери, како и влегување на терен по средбата. Казната која е изречена е 5.000 швајцарски франци, плус има додатно предупредување дека секој нареден инцидент ќе биде построго санкциониран.

За време на средбата против европскиот гигант од трибините често имаше светење со ласери, а што се однесува до инцидентот за влегување на терен, се работи за момчето кое влезе на терен и ја доби ракавицата на Буфон по самиот финиш.

Македонија уште го чека првиот бод во квалификациите за СП 2018, а нареден наш противник е Шпанија против која играме во Гранада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top