| четврток, 6 декември 2018 |

Во Даут-пашин амам: Соло-перформанс на џез-клавиристот Симон Киселички

Џез-клавиристот Симон Киселички ќе одржи соло-перформанс наречен „Flow now“ на 5 ноември, сабота, со почеток во 20 часот, во Даут-пашиниот амам.
Проектот е замислен како непланирана инспирација од просторот и моментот, „тука и сега“, така што публиката ќе има можност да сведочи на уникатна изведба.

Воедно ќе се снима аудио и видеозапис во концертен амбиент со акустиката што ја нуди просторот.

– Идејата е музиката што ќе биде отсвирена во тој час и половина да нема конкретен децидно јасен концепт. Сѐ што ќе се случува ќе биде отсвирено без партитури (дури ни тие што се паметат на памет).. едноставно клавирот „тука и сега“, ослободено од сѐ што минало и што ќе дојде. Музика инспирирана од моментот. Инспирација и експресија од самите тонови што течат „сега“ и импресија од просторот, звукот и амбиентот „тука“. Поради тоа и името „Flow now“ – вели Киселички.

За да се постигне „неподготвеноста“, треба да се свири последните денови пред настап и помалку да се вежба – вели музичарот.

– Тоа е главен фактор за да бидеш подготвен. Тоа не е толку музичко прашање, ниту гледиште, туку станува збор за работа на себе заедно со музиката, заедно колку што можете да се издржите еден со друг и да се дружите – вели Киселички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top