| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка несреќа: Потона брод во Дунав, има исчезнати

Товарен брод на фирмата „Иван Милутиновиќ“ делумно потона утрово околу 8 часот во Дунав, кај Смедеревската тврдина.

Во оваа тешка несреќа исчезнале два члена на екипажот кои биле на бродот и по нив во овој момент се трага.

Смедеревската полиција, која трага по нив, сѐ уште нема најдено ништо.

Директорот на фирмата, Миодраг Милојевиќ, моментално е на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top