| четврток, 6 декември 2018 |

Што значи трн на фустанот и јајце со две жолчки!?

Народни верувања

Ако трн ти се фати за фустанот, тоа е знак на нечија скорешна свадба на која и ти ќе присуствуваш.

Првата љубичица која ќе ја пронајдете на пролет, изедете ја, и целата година ќе добивате неизмерна љубов од вашите најблиски.

Ако пронајдете јајце со две жолчки, некој наскоро ќе прави свадба.

Ако на гардероба пронајдете црн конец, на вас мисли црно момче или девојка и обратно.

Доколку ви падне нож и се забоде, ќе доживеете неверство од страна на саканата личност.

Не менувајте го свршеничкиот прстен за да не ви се смени животот.

Момчето не треба да ѝ подарува обетки на девојката затоа што нивната врска наскоро ќе се заврши.

Се верува дека времето на двајца вљубени е изброено и ќе следи крај ако еден од нив на саканата личност ѝ подари часовник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top