| четврток, 6 декември 2018 |

Љубопитните англиски новинари дознаа кој го навредил Меси

mancester-siti

Според шпанските медиуми човекот кој го предизвика вчерашниот бес од Лионел Меси е асистентот и поранешен играч на Арсенал, Микел Артета. Шпанецот е причината за тензијата по натпреварот на „Итихад“ стадионот, која го натера Меси да тргне кон противничката соблекувална за да се пресмета со него.

Наводно, Артета му се обратил на Аргентинецот, откако го забележал како го чека главниот судија за да му даде некоја забелешка. Му пријде и му рече:

„Ајде глупаку, оди и прибери се во твојата соблекувална“. Оваа навреда не му се допаднала на Меси, кој возвратил со зборовите: „Идиоту, дојди и покажи го твоето лице“. Асистентот на Гвардиола по своите зборови се прибрал во својата соблекувална и не се вратил назад.

Серхио Агуеро се погрижи да не дојде до физичка пресметка, смирувајќи го својот кум и пријател од репрезентацијата на Аргентина. Напаѓачот на Сити по натпреварот не сакаше да открива детаљи за целата ситуација, но потврди дека Меси бил изнервиран и навреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top