| четврток, 6 декември 2018 |

Израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц гостува во „Литература.мк“

Покрај оваа уникатна можност за средба со овој врвен израелски музичар, посетителите на настанот во „Литература.мк“ ќе можат да купат книги од богатото книжевно наследство на еврејскиот народ (дела на Марсел Пруст, Борис Пастернак, Бруно Шулц, Џ. Д. Селинџер и др.), а во издание на „Арс Ламина“, со намаление од 20 отсто

Оваа сабота (5.11.2016), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во рамките на циклусот разговори „Астрорум“, ексклузивно ќе гостува израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, еден од најистакнатите светски џез-пијанисти од помладата генерација. Познат по неговата виртуозност и длабока емоција, Хершковиц по четиригодишната плодна соработка со врвниот израелски басист Авишаи Коен, од неодамна ја почна својата самостојна солистичка кариера. Преку концертна промоција на своето прво авторско издание насловено „I Asked You a Question“, тој ќе ù се претстави и на македонската публика на 6 ноември во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот.
Покрај оваа уникатна можност за средба со овој врвен израелски музичар, посетителите на настанот во „Литература.мк“ ќе можат да купат книги од богатото книжевно наследство на еврејскиот народ (дела на Марсел Пруст, Борис Пастернак, Бруно Шулц, Џ. Д. Селинџер и др.), а во издание на „Арс Ламина“, со намаление од 20 отсто.
Како дел од циклусот настани во Литература.мк кои се одвиваат под мотото „Астрорум“, минатата недела на 28.10.2016 година се одржа и средба со светски познатиот гитарист Скор Хендерсон пред концертот со неговото трио во Домот на АРМ. „Литература.мк“ со овој настан го започна циклусот настани „Астрорум“ во кој ќе гостуваат ѕвезди од културата и уметноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top