| четврток, 6 декември 2018 |

Во Москва приведен агент на ЦИА кој врбувал шпиони

Руската разузнавачка агенција привела агент на ЦИА во Москва, кој се обидел да регрутира доушник на руската тајна служба, извести Федералната безбедносна служба (ФСБ). Агентот дејствувал под закрила на дипломат.

ФСБ објави дека приведената личност е Рајан Кристофер Фогл, трет секретар на политичкото одделение на амбасадата во Москва. ФСБ нагласи дека Фогл имал посебна техничка опрема, напишани упатства, многу пари и сретства за замена на личниот изглед. По испрашувањето, Фогл им бил предаден на претставниците на амбасадата во Москва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top