Сигурно ќе се согласите со нас дека од Екарт Тол можат да се научат многу работи. Тој е роден во Германија, но живее во Канада и најмногу е познат како автор на делата „Моќта на сегашниот миг“ и „Нова Земја: Будење за вашата животна цел“. Во 2011 година тој дури бил и прогласен за човекот со најголемо духовно влијание во светот.
Интересно, но Тол вели дека поголемиот дел од неговиот живот се чувствувал депресивно и на 29-годишна возраст поминал низ „внатрешна трансформација“. Тој потоа поминал неколку години талкајќи во „состојба на длабок мир“ пред да стане духовен учител. Во продолжение прочитајте го неговото мислење за судбината и како самите можете да влијаете врз неа…
Взаемната поврзаност помеѓу вашата свесност и тоа што ви се случува не е секогаш очигледна. Зборуваме за онаа корелација помеѓу тоа што се наоѓа во вас и тоа што се случува со вас, односно тоа што го привлекувате во својот живот. Всушност, тоа што ви се случува не е ваша осуда или судбина. Луѓето погрешно веруваат дека нивната судбина е одредена токму поради тоа што се случува со нив…
Вашата се одредува од тоа како вие ќе реагирате на настаните во вашиот живот. А тоа што се случува потоа, одредува како ќе реагирате на тоа што досега ви се случувало. На тој начин кога поминувате низ нешто лошо, според вас, или пак, кога нешто ќе ви тргне наопаку, вие на тоа реагирате негативно и така самите си привлекувате негативни настани. Ако едноставно го прифатите и си кажете: „Тоа е што е“, тогаш следните настани ќе почнат да го одразуваат токму тоа ниво на свесност.
Многу луѓе се зафатени со бескраен тек „лоши“ настани. Тие не сфаќаат дека во секој момент постои можност да се ослободат од тоа и да го променат својот живот, само треба поинаку да реагираат на тоа што го доживуваат во моментот.
Вашата реакција на настаните што ви се случуваат во сегашниот момент, а не самото случување, е тоа што ја одредува вашата иднина. Вашата реакција на тоа што ви се случува го одредува следниот момент. Откако ќе го сфатите ова, вие можете да го промените својот живот и конечно да излезете од затворениот круг на кармата. Тоа е толку лесно, но треба освестување…
Кафепауза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.